Во 2022 година одбележуваме 30 години УНИОР Македонија.

Ова е исто така многу посебна година кога светот се соочува со невидена глобална криза. Иако не е време за славење, сепак е важно да размислуваме за минатото, и уште поважно, да се фокусираме на иднината.
УНИОР Мекедонија е официјално основана пред 30 години, но нашето богатство на експертиза може да се проследи наназад до пред повеќе од 60 години. Времето сигурно лета.
Во овие години поминавме преку многу предизвици и успеси од кои научивме да бидеме поцврсти.
Нашиот континуиран успех доаѓа од нашите два најголеми адути, нашите клиенти и вработени, што резултира со тоа што УНИОР Македонија е препознаена на пазарот како професионална компанија, која го води својот бизнис преку знаење, експертиза, напорна работа и фокусирање на услугите на клиентите водени од одржлив пристап.

На сите наши вработени, клиенти, засегнати страни и пријатели – Ви благодарам за вашата континуирана посветеност на УНИОР Македонија.

Среќен јубилеј 30 години УНИОР Македонија!

Горан Ковачевски - Директор на УНИОР Македонија

Квалитетот и функционалноста за професионалните купувачи

Под бренд името Униор, програмата за Рачни алати го зголемува својот пазарен дел во сегментот на професионална употреба на рачните алати, со свои сопствени иновации, развој и производство.

Визијата на Униор е да постигне и осигура позиција меѓу првите пет производители на високо квалитетни алати во Европа.

Мисијата на Униор е да развива, произведува за пазарот, високо квалитетни рачни алати со долготрајност која ше ги задоволи барањата на професионалните корисници.

Види повеќе

BOHRCRAFT - Бургии и резен алат

Повеќе од 40 години искуство во производството, кое потекнува од германскиот град Ремшајд.

Компанијата е основана во 1975 година, на која и претходеше педесетгодишна семејна традиција во производството на бургии.

Децениското искуство стекнато преку постојана соработка со специјализирани трговски партнери во Германија и странство послужи како добра основа за проширување и усовршување на асортиманот.

Види повеќе

B&W - Торби за алат

Брендот B&W е синоним за модерни и софистицирани решенија за торби од највисок квалитет и функционалност.

Германскиот бренд од 1998 година е глобален снабдувач на иновативни производи , произведени исклучиво во согласност на германските стандарди за квалитет. Главното седиште на компанијата се наоѓа во Ибенбурен Германија.

Види повеќе

Новости

Квалитетот е наша примарна грижа

Програмата за рачни алати има меѓународен сертификат за квалитет ISO 9001 за развој, производство и продажба на рачни алати, и метална амбалажа за рачни алати од 1994 година. Алатите за електронската апликација се тестирани според VDE сертификатот. Види повеќе