Политика за колачиња

Последно ажурирање:  06.07.2022 година

  1. Примена

Оваа Политика за колачиња опишува како се користат колачиња во врска со интернет страницата https://uniormakedonija.mk/ („Интернет страницата“)  и како можете да управувате со нив.

Оваа Политика може да биде изменета во секое време. Датумот наведен погоре покажува кога оваа Политика за колачиња последен пат е ажурирана. Сите измени на оваа Политика се применуваат откако ажурираната верзија на Политиката ќе биде објавена на Интернет страницата.

  1. Кој управува со Интернет страницата?

Со Интернет страницата управува УНИОР МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје, со адреса на ул. Народен Фронт бр. 5 лок. 7, Општина Центар – Скопје, Република Северна Македонија („Униор“, „ние“ или „нас“).

  1. Што се колачиња?

Колачиња се мали датотеки кои Интернет страницата бара да се зачуваат на уредот што го користите да ја посетите Интернет страницата (компјутер, мобилен телефон итн.) за да може да ја користите истите поефикасно. Колачињата вообичаено не содржат информации со кои може да се идентификува лицето кое ја користи Интернет страницата.

  1. Кој ги поставува колачињата на уредот?

Колачињата може да потекнуваат од нас преку Интернет страницата („колачиња од прва страна“) или да потекнуваат од трети страни чиишто услуги и функции сме ги додале на Интернет страницата („колачиња од трети страни“), доколку е тоа применливо.

  1. За кои намени се користат колачињата?

Колачињата може да се користат за следните намени:

  • неопходни колачиња– се строго неопходни за да може Интернет страницата да функционира како што треба; тие ги овозможуваат основните функционалности и мерки за безбедност на Интернет страницата, на анонимна основа; тие се секогаш овозможени.
  • колачиња за функционалност – помагаат да се обезбедат некои функционалности на Интернет страницата, како, на пример, споделување на содржини од Интернет страницата на социјални медиуми, собирање на повратни информации и други функционалности на трети страни; ако не се овозможени, таквите функционалности не ќе може да се користат.
  • колачиња за перформанси – се користат да се анализираат техничките перформанси на Интернет страницата за да се обезбеди подобро искуство на корисникот со истата.
  • колачиња за аналитика – се користат за анализи на интеракцијата на корисникот со Интернет страницата и обезбедуваат информации како број на посетители, извор на сообраќај на Интернет страницата и слично.
  • колачиња за рекламирање – се користат за прикажување на рекламни и маркетиншки кампањи на Интернет страницата; тие го следат користењето на Интернет страницата и собираат информации за да прикажат реклами прилагодени на интересите на корисникот.
  1. Колку време се чуваат колачињата на мојот уред?

Некои колачиња се чуваат на вашиот уред и откако ќе го исклучите, се додека не им истече времето на важност или додека не ги избришете (т.н. упорни колачиња). Други колачиња се бришат самиот кога ќе го затворите прелистувачот преку кој ја користите Интернет страницата (т.н. колачиња за сесии).

  1. Како да управувам со колачиња?

Можете да управувате со колачињата (да ги овозможите или да ги оневозможите) преку следниот дел од нашата Интернет страница – Поставки за колачиња – или преку поставките за колачиња на вашиот интернет прелистувач. Можете да се консултирате со интернет страницата на вашиот интернет прелистувач за помош на корисници за повеќе информации во овој поглед.

Имајте предвид дека кога ќе оневозможите некои колачиња, со тоа се оневозможуваат и предвидените функционалности на Интернет страницата поврзани со тие колачиња и самата Интернет страница нема да функционира како што е предвидено.

Исто така, кога ќе оневозможите некои колачиња, тоа не го брише таквите колачиња кои претходно сте дозволиле да бидат зачувани на вашиот уред. За да ги избришете, следете ги инструкциите за тоа на интернет страницата на вашиот интернет прелистувач за помош на корисници.

  1. Контактирајте не

Ако имате какви било прашања, коментари или барања во врска со оваа Политика за колачиња, можете да ни ги испратите порака преку делот „Контакт “ на Интернет страницата.

  1. Преглед на колачиња

Овој дел содржи преглед на колачињата кои се користат на Интернет страницата и опис на нивните карактеристики.