Рекламации

Рекламација и враќање на производ

УНИОР ГАРАНЦИЈА

УНИОР алатите се познати ширум светот по високиот квалитет кој на корисникот му дозволува да ги комплетира работите побрзо и посигурно. Ние сме толку сигурни во квалитетот што го нудиме со УНИОР доживотната гаранција за рачниот алат, како и 12 месечна гаранција на мерните инструменти и пневматскиот алат.

Доколку Вашиот алат некогаш не функционира поради недостастоците при изработката или материјалот, истиот ќе ко поправиме или ќе Ви го замениме бесплатно.

Рекламација и враќање

Рекламација на функционалната исправност на производот, во зависност од моментот на појавениот недостаток во функционирање на производот, може да се признае во едeн од следните случаи:

  1. Испорачаниот производ е видно оштетен, недостигаат некои делови (не е комплетен), оштетена е амбалажата или самата амбалажа има видни оштетувања. Испорачан е погрешен производ. Во овој случај, проблемот мора да се евидентира на лице место. Проверете ја робата и доколку нешто не е во ред, веднаш пријавите ја неисправноста. Во овој случај се пополнува Записник за рекламација.
  2. Во случај производот во моментот на инсталација или првото пуштање во работа не е исправен (напукнал, се скршил или сл.). Вратената роба мора да биде спакувана во оригинална амбалажа, некористена и неоштетена. По Ваша желба, робата може да ја замениме за нова или да Ви ги вратиме парите. Трошоците за испорака и враќање се на наш терет.
  1. Производите под гаранција, за кои се испостави дека се неисправни заради недостатоци во изработката или материјалот, ќе бидат поправени или заменети, и бесплатно вратени.
  1. Рекламација на функционалната исправност на производот во гарантен рок (важи за пневматски алат и мерни инструменти). Во тој случај производот го носите во продажниот салон на УНИОР МАКЕДОНИЈА. Секое праќање на производот на друга адреса (доколку не е наведено на гарантниот лист на производот ) не се прифаќа и производот ја губи гаранцијата. Ова може да се случи и ако сами пробате да го отстраните дефектот. Физички оштетените компоненти не подлежат на гаранција.

Доколку сакате да рекламирате некој производ – пополнете го on-line Рекламацискиот записник.

Рекламациски записник

Причина за рекламација / враќање:

Производот е отворен:
ДаНе